Три претстави на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Од:

Денеска на репертоарот на 48-то издание на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп се три претставиод кои две се во официјална конкуренција за награди.

Во Центарот за култура „Марко Цепенков“ со почеток од 19:30 минути  Тетовскиот театар ќе ја изведе претставата „Гнида“ од Иво Брешан во режија на Сулејман Рушити,претстава во официјалната конкуренција.Од 21 часот во црквата „Св.Никола“ во Варош ќе биде одиграна претставата „Посланија“, која е дел од придружната фестивалска програма, во режија на Тихомир Стојановски од Културниот центар „Скрб и утеха-Тиха“.

Од 22 часот на сцената на Прилепскиот театар е претставата во официјална конкуренција „Не чукај блиску до срцето“во режија на Синиша Ефтимов и во изведба на „Народниот театар“ од Струмица.

Утре напладне во рамките на театарскиот фестивал ќе има промоција на Монографијата на Кирил Ристоски во камерната сала Сцена 105 на Центарот за култура.Промотор ќе биде д-р Јелена Лужина.

Би можело да ве интересира

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“