СДСМ ги распиша внатрепартиските избори, на 21 март членовите бираат претседател

Од:

Централниот одбор на СДСМ вечерва ја одржа деветнаесеттата седница на чиј дневен ред беа повеќе точки за процесите кои течат во партијата, промените, модернизацијата и демократизацијата, а се дискутираше и за најзначајните општествени прашања од интерес на граѓаните, велат од Сицијалдемократскиот сојуз во соопштение до медиумите испратено вечерва.

На седницата било заклучено дека процесот на ажурирање на членството тече одлично ширум републиката и дека се создадени сите услови за следната фаза, одржување на првите внатрепартиски избори.

Централниот одбор донесе одлука дека на 21 март оваа година ќе се одржат првите внатрепартиски непосредни избори за избор на претседател на СДСМ.

„Ова е врв на внатрепартиската демократија и тоа во земјава за прв пак ќе го направи СДСМ,“ се вели во соопштението.

Во оваа насока ЦО на СДСМ го утврди Правилникот за критериумите, начинот и постапката за кандидирање и избор на претседател на СДСМ и воедно донесе одлука за формирање на Централна изборна комисија која ќе ги спроведе внатрепартиските избори.

За кандидат за претседател на СДСМ може да се кандидира лице со најмалку пет години членство во СДСМ и најмалку еднаш да бил избран од страна на Конгресот на СДСМ за член на некој од органите на партијата (Претседател, Заменик претседател, член на Централниот одбор или член на Надзорниот одбор на партијата).

Во своето обраќање претседателот на СДСМ, Зоран Заев посочи дека процесот на непосредни внатрепартиски избори, ја става СДСМ во врвот на најмодерните партии на светско ниво.

„Горди сме што сме пример и што водиме напред во многу државни но и партиски процеси. СДСМ се менува, се демократизира, се подобрува, за подобро да им служи на граѓаните и да внесе нови демократски вредности во нашето општество. На овој начин ќе поттикнеме поголема демократија во државата, но и други партии во нашата држава да се демократизираат. Носиме нова, додадена вредност во плурализмот во Република Северна Македонија.” порача претседателот Заев.

Генералниот секретар, Љупчо Николовски акцентираше дека СДСМ, како модерна, напредна и организирана партија е целосно подготвена за овој процес од сите можни аспекти.

„Веќе од утре Централната изборна комисија ќе започне да функционира, во сите 80 општини каде што СДСМ има општински организации ќе се формираат општински изборни комисии, ќе следуваат и Одбори на избирачките места и се што е потребно за овој процес кој за прв пат се организира кај нас. СДСМ е прогресивна, модерна, европска партија и овој процес ќе го направиме по највисоките демократски и организациски стандарди. Следуваат серија активности за кои граѓаните ќе бидат информирани“ рече генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

Би можело да ве интересира

Бројките се немилосрдни и ги демантираат СДС, ДЗС вчера објави дека реалната нето-плата во септември пораснала за над 5%

СДСМ: Крпен живот, кошничката се доближи до 71.000 денари – само за храна се потребни 26.000 денари

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС продолжуваат со лагите и манипулациите за Алта банка, овој пат јавната аукција сакаат да ја претстават како тајна зделка

(ВИДЕО) СДСМ со амандмани бара 2.500 денари повеќе месечно за студентски оброк и стипендии од 8.000 денари

СДСМ: 51 милион евра не се префрлени во вториот пензиски столб – кривична одговорност треба да започне од Мемов

(ВИДЕО) Фрчкоски: Мицкоски и Славески брзаат да ја продадат Алта банка за џабе – кој ќе ја плати цената?

Горан Наумовски