Од денеска па се до завршувањето на изборите, закажани за 23 јуни, албанската полиција ќе биде со подигнат степен на безбедност, јави дописникот на МИА од Тирана.
Наредба за тоа денеска потпиша директорот на полицијата, Хисни Бургај, со која се предвидени низа мерки и активности на припадниците на полицијата, во правец на зачувување на мирот и сигурноста во земјата.
Полицијата има и посебен план на мерки за денот на одржувањето на изборите и нивно набљудување, која полицијата ќе работи на две смени, по 12 часа. Бугај, деновиве на средбата со американскиот амбасадор во Тирана, Александер Арвизу, даде ганации дека полициските структури ќе го спроведуваат законот.
Во меѓувреме се заострува изборната кампања, пропратена со искршени изборни штабови, искинат изборен материјал, а синоќа крвниќки е претепан кандидат за пратеник во Фиер.
Станува збор за Митхат Хоџа, кандидат од редовите на Партијата Нов демократски дух, на Бамир Топи. Полицијата потврди дека инцидентот се случил синоќа околу 23 часот во Росковец, кога сеуште недиентификувани лица го удирале со тврд предмет и му нанеле тешки повреди. Тој сеуште е во тешка состојба.