Кина ќе испрати и друга жена во вселената со двајца астронаути на најдолгата мисија досега, соопштија денеска претставници од вселенската програма кои работат на изградба на вселенска станица во орбитата околу Земјата.
Вселенскиот брод „Шенџу 10“, што значи „Свето летало“, ќе биде лансирано во четврток со помош на ракетата „Долг марш 2Ф“, изјави Ву Пинг претставник на кинеската вселенска програма со човечки екипаж.
Ракетата „Долг марш 2Ф“ претставува побезбедна и многу посигурна верзија на ракети користени во претходните мисии.
Другата Кинеска во вселената Ванг Јапинг, ќе лета во брод со кој командува Неи Хаишенг, а третиот член на мисијата ќе биде Џанг Сиаогуанг, рече кинеската претставничка и додаде дека тие ќе поминат 15 дена во орбитата.