Кривична пријава за крадец од Свети Николе, расчистени две кривични дела извршени во Скопје

Од:

Кривична пријава е поднесена против лице од Свети Николе за извршување на две кривични дела „тешка кражба на дрзок начин“, соопшти денеска МВР.

– СВР Скопје – Единица за внатрешни работи Гази Баба – Одделение за криминалистички работи Гази Баба поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Скопје против А.И.(24) од Свети Николе, поради основано сомнение дека извршил две кривични дела, и тоа „тешка кражба на дрзок начин“, предвидено и казниво согласно чл.236 ст.3 и „тешка кражба во обид“, предвидено и казниво согласно чл.236 вв чл.19 од Кривичниот законик, при што се стекнал со противправна имотна корист и предизвикал материјална штета, се наведува во соопштението на Министерството.

Оттаму информираат дека лицето А.И. кривичните дела ги извршил на 11 февруари 2021 година во временскиот период од 21:25 до 21:40 часот на улица „Трифун Хаџи Јанев“, којшто одзел чанта со пари и лични предмети од оштетено женско лице. Вторато кривично дело го извршил на улица „Архимедова“, со употреба на физичка сила влегол во амфитеатарот на Факултетот за земјоделски науки и храна, каде извршил пребарување, но не одзел предмети.

По пријавување на кривичните дела од страна на полициски службеници од Полициска станица Гази Баба на 11 февруари 2021 година во 22:00 часот А.И. е лишен од слобода и задржан во просториите на полициската станица. Тој го појаснил извршувањето на кривичните дела, а предметите пронајдени кај него се вратени на оштетената.

Би можело да ве интересира

Арамија од куќа во Велес украде пари и мобилен телефон

Од армиски центар украдени три „Хамери“, едниот е блиндиран

Уапсена е 38-годишна жена, ја фатиле при кражба во маркет во Прилеп

А1он

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Разбојник од скопската населба Илинден ограбил аптека во Ново Лисиче

МВР: Уапсен е разбојникот кој ограби обложувалница и мини-маркет во Скопје