Белорусија: Претреси во простории на новинари, синдикалци и други активисти

Од:

Во просториите на дваесетина новинари, активисти за одбрана на човековите и синдикални права во Белорусија, денеска се извршени претреси како дел од истрагата за протестното движење во 2020 година, што беше потиснато од властите.

Во државата со месеци се одржуваа демонстрации против реизборот на претседателот Александар Лукашенко во август, со обвинувања за масовна изборна измама.

Белоруските власти возвратија со масовно притворање, полициско насилство и апсења или прогонство на клучни фигури во протестното движење.

Полицијата денеска спроведе нова серија претреси против 22 лица, вклучително и претседателот на Белоруската асоцијација на новинари Андреј Бакунц, претставници на синдикатот и активисти за човекови права, информира Центарот за човекови права „Вјасна“, чии простории се исто така мета на полициска акција.

Според белорускиот истражен комитет, надлежен за криминалистички истраги во земјата, рациите биле спроведени како дел од нивната истрага за финансирање и организација на дејствија што „сериозно го нарушуваат јавниот ред“.

Минатата недела, Лукашенко рече дека го запрел „блиц-кригот“ на странски сили и противниците на неговата земја.

Според Белоруското здружение на новинари, минатата година во државата биле уапсени 477 новинари, а неколкумина се под истрага за кривично дело.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Нема да има бездомници и паразити

Минск собори два руски беспилотни летала над територијата на Белорусија

Вооружените сили на Белорусија преместуваат тенкови до границата со Украина

Горан Наумовски

Белорусија осуди Германец на смрт

ЕУ воведе нови рестриктивни мерки против Белорусија

Алејник: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад