Скандалот за силување во австралискиот Парламент го натера премиерот да се извини

Од:

Австралискиот премиер Скот Морисон и се извини денеска на жената, која тврди дека била силувана во Парламентот пред две години, поради начинот на кој тогаш се постапувало со нејзината тужба и наложи истрага за културата на работната средина во владините канцеларии.

Жената вчера за некои медиуми изјави дека била силувана во канцеларијата на сегашната министерка за одбрана Линда Рејнолдс во март 2019 година од неименуван колега, кој исто така работел за владејачката Либерална партија на премиерот Морисон.

Таа истакна дека разговарала со полицијата на почетокот на април 2019 година, но одлучила да не поднесе официјална тужба поради загриженост дека тоа ќе и наштети на нејзината кариера.

Жената тврди дека му соопштила на високиот персонал во канцеларијата на министерката за наводниот напад, додавајќи дека потоа од неа било побарано да присуствува на состанок во канцеларијата каде што тврди дека била нападната.

Рејнолдс вчера потврди дека и било кажано за тужбата во 2019 година, иако отфрла дека на жената и бил вршен притисок да не поднесува полициска пријава.

Морисон и се извини денеска на жената и вети истрага.

– Тоа не требаше да се случи и јас се извинувам. Сакам да се осигурам дека секоја млада жена што работи на ова место е безбедна, изјави Морисон пред новинарите во Канбера.

Неколку часа подоцна, се извини и министерката Рејнолдс.

Би можело да ве интересира

Стотици илјади луѓе во Австралија се без струја поради тропската бура „Алфред“

Повеќе од 35 лица се повредени во судир на две воени возила во Австралија

Горан Наумовски

Австралија: Втора медицинска сестра обвинета за закани на израелски пациенти

Австралија: Медицински работници тврдат дека убиваат израелски пациенти

Горан Наумовски

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

(ВИДЕО) Се урна мал авион во Австралија, тројца загинати

А1он