Собранието ќе ја одржи 34 седница, на дневен ред 67 точки

Од:

Собранието на Република Северна Македонија денеска треба да ја одржи 34 седница, на чиј дневен ред се 67 точки.

Пратениците, меѓу другото, ќе расправаат за Предлог законот за дополнување на Законот за средното образование, по скратена постапка, за предлог измените на законите за оружјето, за прекршоците против јавниот ред и мир, за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија, за безбедност на сообраќајот на патиштата, на Законот за здравствената заштита,…

Како последна 67 точка е Информацијата за нацрт Концепција за основно образование.

Во законодавниот дом денеска ќе заседаваат и две собраниски комисии.

Членовите на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците треба да ги разгледааат годишните извештаи за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата, на Судскиот совет на Република Северна Македонија, на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, на Инспекцискиот совет и на Агенцијата за администрација за 2019 година, како и Национална стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025.

Комисија за труд и социјална политика, пак, ќе расправа за Предлог законот за изменување на Законот за социјалната заштита, во прво читање.

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги