Победникот на „Ролан Гарос“, шпанскиот тенисер Рафаел Надал најавува враќање на лидерското место на АТП листата.
– Ако продолжам во овој ритам можам да се вратам на врвот. Сите го посакуваат првото место. Сепак тоа во моментов не е мој приоритет, туку зацртана цел на подолг рок.
– На деветте турнири на кои настапив по повредата, освоив многу бодови и сум на вистинскиот пат. Останува така да продолжам до крајот на сезоната, изјави Надал.
На најновата АТП листа објавена денеска Надал е петти со 6.895 бодови. Пред него се:
1. Новак Ѓоковиќ (Србија) 11.830 бодови,
2. Енди Мареј (Велика Британија) 8.310,
3. Рожер Федерер (Швајцарија) 7.640,
4. Давид Ферер (Шпанија) 7.220.