Настап на Скопскиот дувачки квинтет во Њујорк

Од:

Скопскиот дувачки квинтет денеска ќе настапи во познатата Bohemian City Hall во Њујорк, на свечената прослава по повод 20 години членство на Република Македонија во ОН, на која ќе присуствува и генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун.

Прославата во ОН Македонија ја организира заеднички со Чешката Република, Словачка, Монако и Андора, кои исто така прославуваат јубулеј 20 години од членство во Светската организација.

Членови на овој реномиран камерен ансамбл, кој успешно ја претставува македонската култура како во земјата, така и во странство, се: Марија Јакимовска-флејта, Васил Атанасов-обоа, Ристо Ѓоревски-кларинет, Марјан Милошевски-фагот и Александар Гошев-хорна.

Скопскиот дувачки квинтет, минатиот петок, одржа концерт во Македонскиот културен центар во Њујорк. На програмата беа изведени дела од Хајдн, Фаркаш, Бизе, Џамбазов, Гершвин и Смокварски со познатото “ТЕСКОТО”. Концертот предизвика особен интерес и наиде на одличен прием од страна на публиката. Настапот на камерниот ансамбл беше поддржан од Министерството за култура на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура

Ана Ололовска