Баер планира првите дози од КјурВак против Ковид-19 да ги испорача во четвртиот квартал

Од:

Германскиот производител на лекови „Баер“ денеска соопшти дека првите дози на вакцината КјурВак против Ковид-19 од својата фабрика во Вупертал во Германија ќе ги испорача во четвртиот квартал.

– Многу сме уверени дека првите вакцини ќе можеме да ги испорачаме пред крајот на годината, ако сè оди добро, рече извршниот директор Вернер Бауман за време на посетата на фабриката од страна на премиерот на Северна Рајна-Вестфалија, Армин Лашет.

Германската биотехнолошка компанија КјурВак (CureVac), која почна со доцна фаза на тестирање на вакцината во декември и очекува да објави привремени резултати овој квартал, на почетокот на месецов склучи договор со Баер за да помогне во создавањето на нејзината вакцина.

Би можело да ве интересира

ФДА ги одобри обновените Ковид-19 вакцини против сојот Омикрон БА.4 и БА.5

ЕК се подготвува за следната фаза на Ковид-19, треба да се зголеми вакцинацијата

А1он

ФДА: Сегашните вакцини не штитат најдобро од омикрон

А1он

Комисијата за имунизација во Грција препорачува четврта доза од вакцината за лицата над 60 години

А1он

Бурла: Интензивно работиме на годишна вакцина

А1он

Kараванот за вакцинирање против КОВИД-19 ќе трае уште два дена

А1он