Индиската влада ќе купи збирка на писма што може да обезбеди нови информации за врската помеѓу индискиот национален херој Махатма Ганди и еден германски архитект.
Писмата помеѓу Ганди и Херман Каленбах се наоѓаат на Сотбијеската листата за аукција во Лондон.
Индиската агенција „Прес труст“ пишува дека Министерството за култура на Индија за овие писма на семејството на Каленбах било подготвено да му плати повеќе од сумата наведена во каталогот на Сотбиј, од 775.000 до 1,1 милиони долари.
Индиските власти минатата година ја забранија книгата за Ганди од Џозеф Леливед, добитник на Пулицерова награда затоа што во неа пишува дека Махатма и Херман биле љубовници.