Претседателот на ПС на Совет на Европа во посета на Македонија

Од:

Претседателот на Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ) Жан Клод Мињон од денеска до 12 јуни ќе престојува во официјална посета на Република Македонија, на покана на претседателот на македонското Собрание Трајко Вељаноски.

Собраниската служба за информирање соопшти дека Мињон денеска ќе има средба со својот домаќин Вељаноски, а утре ќе се обрати пред Собранието на Република Македонија, во рамки на 63. седница. Пред почетокот на седницата Мињон ќе се потпише во Книгата за впечатоци во Собранието.

Во тек на посетата претседателот на Парламентарното Собрание на Советот на Европа ќе има средби и со претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Никола Груевски, шефот и членовите на Делегацијата на македонското Собрание во ПС на СЕ, координаторите на пратеничките групи во Собранието, како и со вицепремиерите за спроведување на Рамковниот договор и за европски прашања,  Муса Џафери и Фатмир Бесими.

Би можело да ве интересира

Милановиќ: ЕУ не е држава, а нејзина надворешна политика не постои

А1он

Пирц Мусар: Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан претставува стратешка инвестиција во мирот

А1он

„Ханделсблат“: Потпирањето на Киев врз помошта од ЕУ нема да го спречи мирот под условите на Русија

ЕУ: Украина напредува кон членство во ЕУ и покрај војната

(ВИДЕО) Мицкоски: Подобар извештај од ЕК, нема констатации за назадување – остануваат политичките услови за ЕУ

Горан Наумовски

Каја Калас: Пакетот за проширување испраќа јасна порака – реформите даваат резултати