Вакцинацијата почнува во среда

Од:

Вакцинацијата во земјава ќе почне в среда најави министерот за здравство Венко Филипче веднаш по предавањето на вакцините од Србија за Македонија на Табановце.

„Трипартитниот договор беше потпишан вчера, ова беше услов за да се случи донацијата. Утре ќе бидат завршени процедурите во Агенцијата за лекови, а вакцинацијата ќе почне в среда во модуларната клиника во клиничкиот центар во Скопје“ – рече Филипче.

Македонија денеска доби 4680 дози вакзини на Фајзер/Бионтек кои ги отстапи соседна Србија.

Вакцинацијата ќе се одвива во три фази. Во првата фаза, предвидено е да се вакцинираат здравствените работници кои се во првата линија на одговор во болнички услови со висок и многу висок ризик за стекнување и пренесување на инфекција.

Во оваа фаза, предвидено е да се вакцинираат и следните приоритетни групи: постари возрасни лица со висок ризик да развијат болест, компликации и смрт исход, дефинирани со ризик врз основа на возраст, лица постари од 70 години.

Би можело да ве интересира

Мицкоски зборува за промената на името, ама не го враќа старото име на државата, вели Филипче

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ретерира затоа што министри, пратеници, градоначалници од ВМРО имаат бугарски пасоши

(ВИДЕО) Филипче: Власта шверцерски сака да ја укине техничката влада

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Чекаме Филипче и СДС да расчистат со политичките случувања во другите држави, за да се вратат во реалноста и да почнат да бидат опозиција во Македонија

(ВИДЕО) Филипче: Проширувањето на ЕУ мора да продолжи, билатерални прашања не смеат да бидат изговор

Мицкоски до Филипче: Мерките даваат резултат, инфлацијата e ниска