Шпанецот Рафаел Надал е победник на годинашното издание на Ролан Гарос, откако во финалето го совлада својот сонародник Давид Ферер со 3:0.
Ова осми трофеј за Надал на овој престижен турнир, со што влегува во историјата како најуспешен на еден Грен слем турнир.
„Кралот на земјените“ терени досега беше изедначен со Пит Сампрас и Роже Федерер, кои имаат по седум триумфи на „Вимблдон“, но со денешниот успех се искачи едно скалило погоре, на кое никој пред него нема стапнато.
За Надал ова беше 20-та победа во пресметките со Ферер, кој, пак, само четири пати го има совладано владетелот на „Ролан Гарос“.
Дилемата околу победникот траеше кратко, само до 3-3 во гемови во првиот сет, по што следуваше брејк на Надал и почеток на доминацијата, која му ја донесе осмата круна на терените во Париз.