Љубичиќ ќе го тренира Раониќ

Од:

Хрватот Иван Љубичиќ е нов тренер на Канаѓанецот, Милош Раониќ.

Соработката со Раониќ е голем предизвик за мене. Тој веќе има моќни оружја во играта и мило ми е што ќе можам да му помогнам да ја доразвие својата игра. Од моето заминување во пензија минатата година никогаш не се одалечив од АТП. Затоа верувам дека можам да му помогнам на Раониќ, изјави Љубичиќ.

Љубичиќ треба да ми донесе нова димензија во мојата игра. Тој има големо знаење за тенисот и неговото искуство ќе биде голем плус за мојот развој. Тој имаше сличен стил како мојот агресивен, така да го разбира мојот менталитет на теренот и деловите на кои можам да напредувам. Се радувам што ќе можам да учам од него и ќе продолжам да напредувам на најдобар можен начин, изјавил Канаѓанецот, кој има потекло од балканските простори.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ