Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави денеска дека Израел ќе се држи подалеку од граѓанската војна во Сирија, наспроти насилството кое ја нарушува безбедноста кај граничното подрачје на Голанската висорамнина.
– Израел нема да се меша во граѓанската војна во Сирија се додека огнот не е насочен кон нас, рече Нетанјаху на владина седница.
На таа стратешка висорамнина, која Израел ја окупираше во голем дел во 1967 година, и подоцна ја анектираше, минатата недела жестоко се бореа силите на сирискиот претседател против бунтовниците крај линијата на раздвојување со Израел, каде патролираат мировници на ОН.
Израел од почетокот на годината изврши три воздушни напади врз цели во Сирија.