Неколку илјади граѓани на Северно Косово од протестот порачаа дека никогаш нема да се откажат од зачувувањето на Косово и Метохија во составот на Србија.
Од протестниот собир кој се одржа на плоштадот Шумадија во Косовска Митровица остро беше осудено и убиството на брачниот пар Јевтиќ во селото Талиновац кај Урошевац.
Протестот е одржан поради притисокот врз Србите кои живеат на Косово, а почна со интонирање на српската химна.
Од таму беа упатени критки кон Србите што се вклучени да работат во косовските институции, но и кон Еулекс за кои како што беше речено ги ослободуваат од обвинение криминалците, а против трговците со човекови органи не покренуваат истрага.
Од митингот беше упатена и порака до Србите да бидат единствени против стратегијата да се освои северот на Косово.
На протестот до идната влада на Србија беше упатена порака да не го гаси Министерството за Косово и Метохија бидејќи со тоа ќе се оправдале сомнежите дека и новата власт подлегнале на притисоците на Западот.