Пакистанската армија денеска потврди дека успешно тестираше балистичка ракета земја-земја со мал дострел, која може да погоди копнении и морски цели со голема прецизност до 490 километри.
На лансирањето на крстосувачката ракета Бабур покрај претставници на армијата присуствуваа и претседателот и премиерот на Пакистан, Ариф Алви и Имран Кан.
Пакситанската нуклеарна и ракетна програма првенствено е насочена кон одвраќање на заканите од соседна Индија. И двете земји поседуваат нуклеарно оружје и трипати меѓусебно војуваа, од кои двапати за Кашмир.