Лукашенко: Пропадна блицкригот на странските сили против Белорусија

Од:

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави денеска дека „блицкригот на странските сили против неговата земја не успеа“, осврнувајќи се на масовните протести од 2020 година.

– Белорусија претрпе најсуров напад однадвор. Но, блицкригот не успеа, рече Лукашенко, оценувајќи дека протестите на десетици илјади Белоруси се резултат на западен заговор.

Претседателот на Белорусија вети дека ќе ги претстави институционалните и уставните реформи на Пан-белоруското национално собрание и ги повика делегатите да „размислат за тоа“.

– Мораме внимателно да ги проучиме прашањата за развојот на општеството, улогата на граѓаните во политичкиот живот на земјата и да ја разгледаме можноста за корекција на основниот закон, рече Лукашенко.

На собирот учествуваат 2.700 негови приврзаници, а од опозицијата нема ниту еден претставник.

– Еден ден ќе изберете друг Лукашенко или некој друг, рече тој.

Лукашенко е на власт во Белорусија од 1994 година.

Тој се соочи со масовни протести по реизборот во август минатата година. Ниту опозицијата, ниту западните земји не ги признаваат овие избори.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Нема да има бездомници и паразити

Минск собори два руски беспилотни летала над територијата на Белорусија

Вооружените сили на Белорусија преместуваат тенкови до границата со Украина

Горан Наумовски

Белорусија осуди Германец на смрт

ЕУ воведе нови рестриктивни мерки против Белорусија

Алејник: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад