Интернет-саем на кинески книги организира „Македоника литера“

Од:

По повод Кинеска нова година, Друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“ од утре до 16 февруари  ќе одржи интернет-саем на кинески книги кои ги има објавено.

На петдневниот е-саем „Македоника литера“ ќе понуди и ќе претстави педесетина репрезентативни кинески книги од областа на кинеската култура, културна историја, класична филозофија, историја и белетристика.

Меѓу другото, ги има објавено најпознатите филозофски класици, ја објавува и серијата „Клучните концепти во кинеската мисла и култура“, од која досега се публикувани шест тома, а ќе ги објави деветте предвидени тома по нивното публикување во Кина, кое треба за заврши оваа година.

„Македоника литера“ информира дека ја објавува и серијата „Најдобрата кинеска литература за деца“. Во рамките на таа едиција досега се објавени 13 тома со избор од прозното творештво на најпознатите кинески писатели за деца и млади. Минатата година објави и седум книги од најпознатиот и најпродаваниот писател за деца во Кина, Шен Шиси, познат и како „кралот на приказните за животни“.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска