Томислав Николиќ и Вук Јеремиќ се најпопуларни политичари во Србија

Од:

Доколку оваа недела во Србија се одржат парламентарни избори, најмногу гласови би освоила Српската напредна партија (СНС) – 34,4 отсто, а главната опозициска Демократска партија (ДС) би добила 26,3 проценти од гласовите, покажува најновото истражување на јавното мислење во земјата.

Според резултатите, најпопуларни политичари се претседателот Томислав Николиќ и досегашниот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ, со по 27 отсто од гласовите. По нив следуваат лидерот на Единствена Србија (ЈС) Драган Марковиќ-Палма со 23 проценти, поранешниот шеф на државата и лидер на ДС Борис Тадиќ и градоначалникот на Белград Драган Ѓилас со по 22 отсто, а лидерот на Социјалистичката партија на Србија (СПС) Ивица Дачиќ, претседателот на СНС Александар Вучиќ и Јоргованка Табаковиќ од раководството на СНС со по 18 отсто од гласовите.

Анкетата покажува дека 32 процента од испитаниците сметаат дека Србија тргнала по вистинскиот пат, а 51 процент го одговориле спротивното.

Би можело да ве интересира

Силно невреме проследено со дожд и град зафати голем дел од Србија

А1он

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор