(ВИДЕО) Заев: СДСМ мора да ги отвори вратите за сите

Од:

СДСМ мора да ги отвори вратите за сите, не само за македонскиот блок, туку и за партиите од албанскиот блок. Само така можеме да успееме да го свртиме вниманието на граѓаните, да бидеме надеж. Оти ние велиме да го поразиме режимот на Груевски, но чуму тој пораз ако нас не не препознаат како иднина, како опција за иднината на граѓаните, вели новиот претседател на СДСМ, Зоран Заев, во неделното интервју за Радио Слободна Европа.

Mора да потрошиме повеќе време нудејќи се себе си, своите програми, своите политики, своите решенија, мерки, да бидат препознаени, луѓето да сфатат дека тоа навистина е практично изводлива работа која што ќе го подобри квалитетот на живеење во Македонија, па според тоа да падне режимот на Груевски. Така што, опозицискиот фронт, според мене, треба да расте. Јас немам намера да одвраќам луѓе коишто веруваат во иста кауза, а тоа е сплотеност за единствената цел – иднината на татковината.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните