Официјалната стапка на невработеност во Русија во мај годинава изнесувала 4,3%, што е нешто повеќе од 1 милион луѓе, пренесува РИА Новости, повикувајќи се на извори од Министерството за труд и социјална заштита на Русија.
„Од 24 април до 29 мај годинава бројот на невработени лица кои се регистрирале во Бирото се намалил на 4,3%. Вкупниот број невработени во Русија е 1,01 милиони“, се кажува во соопштението на Министерството.
Според податоците на Министерството, во мај бројот на невработени граѓани се намалил во 73 субјекти на Руската Федерација.