Австрија ги олабави мерките, со негативен тест на фризер

Од:

Австриските фризерски салони повторнмо ги отворија вратите откако владата делумно го олесни третиот „локдаун“, но предуслов да добиете нова фризура е да имате негативен тест на коронавирус.

По 1,5 месец од последното затворање во Австрија повторно се отворени продавниците, музеите и училишта. Студентите мора да бидат тестирани двапати неделно доколку сакаат да присуствуваат на часови. Се создаваат големи редици пред продавниците и фризерниците.

Зголемената побарувачка за тестирање е видлива на контролните пунктови во Виена. Дури и неодамна отворениот Центар за тестирање во познатата палата Шонбрун воведе нови боксови за тестирање, предвидувајќи ја навалицата.

Поздравувајќи ги првите клиенти по неколку недели, виенската фризерка Сузана Шрајбер изјави дека од една страна чувствува олеснување што може повторно да работи, но „истовремено своевидан пречка претставуваат задолжителните тестови, што некои наши клиенти не ги прифаќаат добро”

Поплаки од фризерите за новите правила се појавија во некои од австриските весници, со посебен осврт на тешкотиите за тестирањата во руралните области.

Би можело да ве интересира

Паника во Европската Унија – доаѓа нов Орбан, склучил „пакт“ со Путин

А1он

(ВИДЕО) Австрискиот канцелар поднесе оставка, преговорите за коалициската влада пропаднаа

А1он

Австрија ќе почне да ги депортира Сиријците

Горан Наумовски

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски