Запленет половина тон марихуана во Драч

Од:

Албанската полиција во пристанишниот град Драч денеска заплени половина тон марихуана, чија крајна дестинација бил италијанскиот нарко пазар.

Во акцијата се уапсени две лица, албански државјани, Ервис Барди (32) од Елбасан и Гентиан Малинди (37) од Драч, додека полицијата трага по други три лица.

Дрогата, која е произведена во јужниот дел на Албанија и е со висок квалитет, според полицијата, била скриена во комби возило марка „мерцедес“, кое требало со траект да замине за Италија.

Полицијата запленила и повеќе мобилни телефони и значителна количина на пари.
Пред три дена во две одделни акции, италијанската и грчката полиција за нецели дваесет и четири часа запленија два тона албанска марихуана.

Локалната полиција и специјализираната италијанска финансиска полиција „Гуардиа ди финанца“ (Guardia di Finanza) во италијанскиот пристанишен град Бари запленија 1,4 тони албанска марихуана, чија вредност на нарко пазарот достигнува 14 милиони евра. Истата била скриена во камион кој превезувал женска кофекција и требало да заврши во Падова. Уапсен е албански државјанин, возач на камионот.

Грчката полиција, кај Халкидики, заплени 520 килограми албанска марихуана. Уапсени беа еден албански и еден грчки државјанин, кои дрогата ја транспортирале во камион и истата требало да ја пренесат во Холандија. Вредноста на запленетата дрога е околу милион евра.

Од почетокот на годинава полициите на трите земји, Албанија, Грција и Италија имаат запленето над 10 тони марихуана од албанско производство.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски