СДСМ: Интересите на државата не се бранат со лажен патриотизам

Од:

После обвинувањата за нептриотизам и немање слух за државните интереси, што од Струга кон Зоран Заев ги упати ВМРО-ДПМНЕ преку устата на Ѓоко Илоски, секретар на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струга, најголемата опозициска партија порача дека интересите на државата не се бранат со манипулации и лажен патриотизам.

„На Република Македонија и е неопходен политички консензус по клучните прашањата од национален и државен интерес. Тоа е од суштинско значење за граѓаните на нашата земја.

Очигледно, на ВМРО-ДПМНЕ му е несфатливо дека интересите на граѓаните и државата не се бранат со декларирање и форсирање лажен патриотизам. Со етнички поделби и конфронтации. Со страв и закани од интерни тензии.

ВМРО-ДПМНЕ напорите и покажаната добра волја за коректност во политичкото делување, ги доживува како шанса за омаловажување на политичките конкуренти и за наметнување на сопствените погрешни, лоши и промашени политики како единствена опција. Всушност, мрачната и негативна кампања е суштината на нивното владеење.

Граѓаните на Кичево, Струга, но и на цела Македонија точно знаат во каква држава сакаат да живеат. Во успешна, просперитетна, перспективна Македонија. Растеретена од национални и етнички фрустрации. Интегрирана Македонија, како дел од европското семејство.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните