Невообичаена одлука на австриските власти: На фризер само со негативен тест за коронавирус

Од:

Австрија од понеделник ги олабавува мерките и дозволува работа на услужни дејности, но за да се оди на фризер или масер, неопходен е негативен тест за коронавирусот, посочи министерот за здравство, Рудолф Аншобер.

– Имавме долга фаза на заклучување, која траеше од 2 ноември со кратки прекини, што претставуваше голем товар за граѓаните и економијата. Сепак, немавме алтернатива затоа што моравме да го намалиме прекумерниот број новозаразени – објасни тој.

Според него, локдаунот во Австрија имал влијание и затоа е можно да се направат многу внимателни и контролирани чекори кон олабавување на мерките.

Аншобер подвлече дека Австрија, со отворањето во некои области, ги заостри мерките во други, како режимот за влез во земјата, но и проширувањето на обврската за носење маска од типот FFP2.

Тој нагласува дека најважна мерка е воведување тестови за пристап до услужните дејности.

– Со овие тестови откриваме асимптоматски пациенти и можеме да ги изолираме. Во декември започнавме со доброволно масовно тестирање, на кое учествуваа 20 до 30 проценти од граѓаните. Можевме да откриеме илјадници заразени лица. Но, претежно луѓето кои инаку се внимателни, одеа на тестирање. Сега, со воведување тест за пристап до услуга, ќе го опфатиме мнозинството од населението, објасни Аншобер.

Тој посочи дека се започнува со тестирање за користење на услугите на фризери, масери, козметичари, но во подоцнежната фаза, кога ќе се отворат гастрономијата и театрите, тоа ќе се воведе и за овие области.

Аншобер додаде дека резултатите од тестот не смеат да бидат постари од 48 часа, па сега, на шега рече, е голем предизвик да се комбинира терминот за фризура и тестирање, бидејќи термините кај фризерите се веќе распродадени неколку недели однапред.

Министерката за економија, Маргарета Шрамбек, посочи дека е неопходна сеопфатна стратегија за тестирање за постепено отворање на економијата. Таа изјави дека некои компании веќе нудат тестирање на своите вработени. Државата, како што додаде, финансиски ќе им помогне на компаниите што спроведуваат тестирање на своите работници.

– За секој тест спроведен од компанијата, тие ќе добијат по 10 евра. Овој надомест на трошоците важи за сите компании кои имаат седиште во Австрија – објасни Шрамбек и додаде дека овој вид државна помош може да се побара подоцна, а ќе се пресметува квартално.

Би можело да ве интересира

Паника во Европската Унија – доаѓа нов Орбан, склучил „пакт“ со Путин

А1он

(ВИДЕО) Австрискиот канцелар поднесе оставка, преговорите за коалициската влада пропаднаа

А1он

Австрија ќе почне да ги депортира Сиријците

Горан Наумовски

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски