Иванова: Казна за Велјаноски, на пекол се градат собраниските куполи

Од:

СДСМ реагира зошто не се почитува Законот и се дозволува работниците да работат на отворено на пеколни температури.

„И денес сме сведоци како градежни работници работат на многу високи температури. И тоа работат на државен објект, на надградбата на зградата на македонското Собрание.Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски уште пред дваесетина дена најави засилени контроли на инспекциите и казни за компаниите кои ги тераат работниците да работат надвор од препораките на властите за заштита од високите температури“, рече Цветанка Иванова, партеник од СДСМ и претседатател на Комисијата за труд и социјална политика.

Власта, рече,  уште еднаш докажува дека правилата ги поставува онака како и одговара – работниците кои го градат „Скопје 2014“ мораат да издржуваат нечовечки услови за работа.

Го потсети  министерот Ристовски на препораките кои ги пренел токму тој, а кои не се почитуваат:

– Избегнување работа на отворено
– Воведување две смени и пауза во најтоплиот период од денот, до 11 до 17 часот
– Казни за работодавачите кои не се придржуваат до препораките

„Брзината на градба не смее да биде причина за загрозување на здравјето на работниците, без разлика дали се работи за собраниските куполи или за споменици, фасади и други објекти од “Скопје 2014“. Еве му прилика на министерот за труд и социјална политика да се покаже на дело. Бидејќи јавно тврдеше дека нема да прави разлика дали е нарачател државата или се работи за приватни компании, за конкретниот случај нека ги изрече првите казни.

За претседателот на Собранието, Трајко Вељановски, во својство на нарачател на градежните работи и за приватните компании кои се изведувачи и работодавачи на работниците кои се принудени да работат во ненормални услови“, изјави Иванова.

Би можело да ве интересира

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побараа членовите на Советот на јавни обвинители да поднесат оставки

Собранието го донесе Законот за заем од 500 милиони евра од Унгарија

Пратениците ја почнаа расправата за заемот од Унгарија

Катерина Ѓуровски

Предлог-законот за заемот од Унгарија на пленарна седница

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Власта го турка коруптивниот Закон за кредит од Унгарија по секоја цена

Собранието ги усвои законските измени за линеарно зголемување на пензиите