Во секој момент во Србија се прислушуваат 100.000 луѓе

Од:

Во Србија секој момент се прислушуваат телефонски разговори на околу 100.000 луѓе, објави Б92.

Во таа цифра се и оние кои се следат директно, како и лица со кои се во врска поради што страдаат и невини лица. Фрапантен е податокот дека полицијата и службите за безбедност само за една година кај еден оператор (ги има четири) повеќе од 270.000 пати проверувале на кого граѓаните се јавуваат, кога, колку време и од каде разговараат, објави Курир.

Тоа значи дека никој не е заштитен, но кој ќе биде шпиониран, зависи од тоа колку е интересен, со што се занимава и со какви луѓе е во контакт, посочува весникот.

Институциите кои постојано имаат достап до базата на податоци и може да влезат во неа без одобрение и кога сакаат, се Агенцијата за безбедност и информации, Агенцијата за воено разузнавање и Министерството за внатрешни работи. Најинтересни за следење се политичари, новинари, државни службеници, директори на фирми и бизнисмени.

Телефонските разговори не се единствениот начин за следење на лицата. Интернет, социјалните мрежи, микрофони во соби во кои се минува најмногу време, се исто така методи со кои може да се дознае за целта. Министерот на полицијата Ивица Дачиќ изјави дека МВР сака побрзо да се стигне до законски решенија со кои ќе може да се спречат злоупотреби со комуникацијата на граѓаните.

Би можело да ве интересира

Ќе биде сместен во стаклена, затемнета “кутија“, вака ќе изгледа сведочењето на момчето убиец

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда