Фенербахче се засили со напаѓачот Оскар Кардозо, кој доаѓа од Бенфика за сума од 12 милиони евра.
Ова е второ засилување за тимот од Истанбул, откако пред неколку дена потпиша со португалскиот репрезентативец Бруно Алвеш.
Парагваецот одигра шест сезони за Бенфика и на 160 натпревари постигна 106 голови.
За репрезентацијата на Парагвај досега има одиграно 46 натпревари, а постигнал девет голови.