Американските цариници и граничната полиција од почетокот на пандемијата заплениле околу 15 милиони лажни маски N95, соопшти денеска Царинската служба на САД.
Конфискувани се небезбедни маски, како дел од акцијата за спречување на криминалците да ја искористат кризата за лична корист.
Царината информира и за запленети околу 180.000 забранети тестови за Ковид и 38.000 забранети таблети од лекот Хлорокин, што се користи за маларија.
Царинските службеници и граничната полиција детално работат на откривање лажни маски N95 и хируршки маски, што не ги исполнуваат стандардите на американската Агенција за храна и лекови, се подвлекува во соопштението.