„Колибри“ го слави својот 55. роденден

Од:

Печатениот детски додаткок „Колибри“ што секој вторник излегува на страниците на „Нова Македонија“, в сабота ќе го одбележи својот 55. роденден.

Голем број креативци својата дарба, ентузијазам, професионализам и бескрајна љубов кон децата ги преточија на страниците на „Колибри“. Сепак, поетесата Евгенија Шуплинова ја започна целата оваа приказна, му вдахна живот на „Колибри“ и нејзиното име е запишано на првите страници во неговата 55-годишна историја.

Таа сакајќи новиот детски прилог што доби задача да го уредува, како додаток на „Нова Македонија“, а чиј прв број излезе на 6 јули во далечната 1958 година, да има име што ќе асоцира на нешто мало но цврсто, љубопитно, снаодливо и убаво, му го даде токму ова име – „Колибри“.

Јубилејот ќе биде прославен в сабота во 11 часот, во Драмскиот театар во Скопје, со роденденска забава за која ќе се погрижат познатиот телевизиски водител Ивце Пивце, златните славејчиња, мажоретките на РК „Металург“, танчарите од студиото „Еурека“, младата пејачка Наталија, децата од ДКЦ „Ѕвезда“ и многу други пријатели на „Колибри“.

Од редакцијата порачуваат дека и во иднина, секој вторник, овој единствен прилог за деца ќе продолжи да ги едуцира, да ги забавува и да ги наградува своите млади читатели, како дел од весникот „Нова Македонија“.

Би можело да ве интересира

Љутков: Свесен сум дека не ги дадовме платите пред Велигден, но конечно го решивме проблемот

СОНК: Да не се потпишуваат новите решенија за плати во културата

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи