САД: 5.000 долари казна за конгресмените кои го избегнуваат детекторот за метал

Од:

Членовите на американскиот Претставнички дом кои одбиваат проверка со детектор за метал, инсталиран на влезната врата во главната собраниска сала, ќе треба да платат казна од 5.000 долари.

Мерката беше изгласана синоќа од Долниот дом на американскиот Конгрес. Според неа, при следен обид за избегнување на рамката за детекција на метал, казната ќе биде зголемена до 10 илјади долари. Мерката е со цел да спречи законодавачите да влезат во салата со оружје, постапка забранета според новите правила во Конгресот.

Правилата беа воведени по настаните на 6 јануари, кога зградата на Капитолот беше нападната од демонстранти, повикани од екс-претседатетелот Доналд Трамп да не ги признаваат резултатите од претседателските избори во САД. При хаосот и нередите загинаа пет лица. Едно од нив беше полицаецот Брајан Сикник, кој за време на одбраната на Конгресот беше тешко ранет, од кои подоцна им подлегна на повредите.

Во Конгресот вчера се оддржа помен во негова чест, а на настанот дојде и претседателот Џо Бајден.

Новите засилени мерки беа воведени од лидерите на демократите, но не беа поддржани од преставници на Републиканската партија. Така на пример, законодавците Марџори Тејлор Грин, Лорен Беберт и Медисон Коуторн изјавија дека носат оружје и ќе го прават тоа насекаде каде тие тоа го сметаат за потребно.

Спикерот на претставничкиот дом, Ненси Пелоси, вчера по овој повод изрази зачуденост.

-Едноставно не разбирам зошто некој одбива да ги почитува тие едноставни, разумни правила чија цел е обезбедување безбедност на оваа институција. Жално е што бевме принудени да ги заостриме правилата и да воведеме казни за тие кои одбиваат да ги почитваат мерките. Сепак, Претставничкиот дом треба да биде и ќе биде безбеден, изјави Пелоси.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски