Шпансиот тенисер Давид Ферер успеа во второто полуфинале на Ролан Гарос да го совлада Французинот Жо-Филфред Цонга со 3:0 во сетови и во недела во финалето да игра со својот сонародник Рафаел Надал, кој претходно со 3:2 во сетови го победи Новак Ѓоковиќ.
Ферер на убедлив начин го почна мечот и првиот сет го доби со 6:1 во гемови, а во следните два беше 7:6 (8:6) и 6:2 по гемови. По ланското полуфинале ова за Ферер е најдобар резултат на Грен слемот во Париз. Шпанецот без загубен сет се избори за финалето.
Со овој пораз од Ферер, Цонга ги сруши надежите на Французите дека конечно еден домашен тенисер ќе се го освои Ролан Гарос.
Утре во 15 часот се игра финалето во женска конкуренција меѓу Серена Вилијамс и Марија Шарапова.