Присуството на западните дипломати на судењето на Алексеј Навални беше груб и координиран обид за мешање во внатрешните работи на Руската Федерација, а не за следење на напредокот на судењето, денеска изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, во емисијата „60 минути“ на ТВ каналот „Русија-1“.
-Ова, се разбира, не е реакција, ова е учество. И, се разбира, тие не гледаат, тие дејствуваат. Дејствуваат грубо, на координиран начин, според план. И, се разбира, ова не се одделни активности, туку ова е голема програма што ја набљудуваме во различни етапи, рече Захарова.
Претходно беше соопштено дека во Московскиот суд се влезени претставници на околу 20 амбасади, каде се одржа судењето за промена на казната на Навални од условна во ефективна заради случајот „Ив Рошер“ од 2014 година.
Појавувањето на странски амбасадори во процесот според портпаролката Захарова е „политичка акција“ и додаде дека Москва ќе одговори на какво било мешање во внатрешните работи од странските дипломати.