Тројца американски воени пилоти загинаа во пад на хеликоптер UH-60 Black Hawk во Ајдахо, соопшти Националната гарда на државата на Твитер.
– Тројца припадници на Националната гарда на Ајдахо загинаа синоќа откако нивниот хеликоптер UH-60 Black Hawk се урна јужно од Лаки Пик, во близина на Боизи. Сите тројца беа пилоти на рутински тренинг лет, се вели во соопштението.
Според портпаролот на Националната гарда, потполковник Кристофер Бордерс, во областа на несреќата имало обилни снежни врнежи.
– Тоа не спречи да го бараме хеликоптерот, изјави тој.