Волстрит журнал: Ефикасноста и безбедноста на „Спутник V“ е геополитичка победа за Москва

Од:

Високото ниво на ефективност и безбедност покажани од руската вакцина донесе значајната геополитичка победа на Москва, и потенцијална мултимилијардна добивка во промоцијата на вакцината и запирањето на пандемијата дома, објави синоќа Волстрит журнал.

Ова е првпат американско издание да дава позитивни оценки за руската вакцина „Спутник V“, во чест на првиот вештачки сателит лансиран на Земјината орбита.

Како што се наведува, разултатите од третата фаза клинички испитувања на вакцината беа објавени во списанието Лансет. Резултатите, засновани на податоци добиени од речиси 20 илјади учесници во испитувањето од кои три четвртини ја примиле вакциата а една четвртина примиле пласибо, се наведува дека ефективноста на вакцинацијата против Ковид-19, се администрира во две дози, е 91.6 отсто.

Според весникот, ефективноста на рускиот препарат е речиси еднаква со вакцините развиени од компаниите Модерна и Фајзер/БиоНТек. Притоа, руската вакцина е многу подобра од онаа на британско-шведската фармација АстраЗенека.

Исклучителниот резултат на „Спутинк V“ претставува „значајна победа на претседателот Владимир Путин во глобалната трка по вакцината, обезбедувајќи глас на доверба во способноста на руската наука и медицина, наведува весникот. Се додава дека резултатите покажуваат колку биле неумесни критиките со кои се судри Москва поради брзото создавање на вакцината.

Би можело да ве интересира

СЗО го пролонгира процесот на евалуација на руската вакцина Спутник В

Ана Ололовска

Можно производството на вакцината Спутник лајт во Србија

Ана Ололовска

Австралија одобри влез со вакцината Спутник V

Ана Ололовска

Кремљ е уверен дека СЗО во следните месеци ќе ја признае вакцината Спутник

Путин изрази надеж дека СЗО наскоро ќе ја одобри Спутник В

Ана Ололовска

Сијарто: Руската вакцина е најдобра, тоа го признаваат и западните експерти, но за тоа молчат

Ана Ололовска