ДСЗИ нема забелешки за случајот со Клиниката за нефрлогија, за струшката болница поднесена иницијатива до ОЈО

Од:

Државниот санитарен и здравствен инспекторат комплетно постапи во случајот со Клиниката за нефрлогија и согласно законските прописии записниците на Комисијата за интерхоспитални инфекции нема забелешки.

Ова го соопшти директорката на ДСЗИ Ирина Сотирова Бухова на денешата прес-конференција на Инспекцискиот совет одговорајќи на новинарско прашање во врска со случајот на повеќе заболени на Клиниката за нефрлогоија.

-Државниот санитарен и здравствен иснпекторат е во секојдневен конакт со диркторката и менаџерскиот тим на Клиниката за нефрлогоија. Улогата што ја има ДСЗИ овде е да ги исконтролира дали има состанок одржано Комисијата за интерхоспитални инфекции и што има преземено. Останатото е да се издадат решенија на позитивните и на контактите, меѓутоа решение по добиената епидемиолошка анализа во овој случај од Институтот за јавно здравје. ДСЗИ има комплетно постапено во овој случај во однос на своите ингеренции на Клиниката за нефрологија. Околу насоките, односно тоа што Центарот за јавно здравје ќе и наложи на Клиниката за нефрологија, ДСЗИ е во контакт и со истиот центар и се координираме и ги контролираме постапките на Клиниката за нефрлогија, рече Сотирова Бухова.

Таа потенцира дека според записниците на Комисијата за интерхосптални инфекции ДСЗИ, нема забелеши, меѓутоа останатиот дел од надзорот кој го врши и се заснова на епидемиолошката анкета на ИЈЗ, посочи на одговор да се побара таму.

За надзорот за струшката болница и случајот со д-р Асани , рече дека Државниот санитарен и здравствен инспекторат ја завршли целата законска постапка и дека на 26 јануари е испратена информација со иницијатива до струшкото основно јавно обвинителсство. – Со тоа, како што истакна, се завршени и се затвораат законските можности што ги има Државниот санитарен и здравствен инспекторат што ги има.
За стручниот надзор, посочи дека одговор треба да се бара во Лекарската комора која го врши надзорот.

Би можело да ве интересира

Се испитува смртта на 14-месечното бебе, инспектори на Детската клиника и болницата Козле

Комисија ќе утврдува дали имало грешки во лекувањето на бебето од Ресен кое почина по 30 часа од раѓањето

Катерина Ѓуровски

На Токсикологија работеле лица без договор за работа, Инспекторатот им забрани пристап до клиниката

A1on

Од понеделник Инспекторатот ќе изрекува забрани за прием на невакцинирани деца во градинките

A1on

Здравствениот инспекторат ќе ги контролира вакциналните потврди за градинка, министерот ги прифати препораките

Катерина Ѓуровски

Инспекторатот ќе забрани невакцинирани деца во градинките кога ќе добие одлука од министерот

A1on