По маратонот од речиси 5 часа игра и максимални 5 сета, Шпанецот Рафаел Надал се пласираше во финалето на вториот Грен Слем во сезоната Ролан Гарос.
Во полуфиналето славеше против прворангираниот, Србинот Новак Ѓоковиќ со 6:4, 3:6, 6:1 6:7, 9:7.
[nggallery id=199]
Ова беше 35. меѓусебен дуел и 20. победа за Надал.
[nggallery id=200]
Во финалето Надал ќе игра против Жо Вилфред Цонга или сонародникот Давид Ферер, нивниот меч започнува за кратко.