Седумдесет болници во Мјанмар прекинуваат со работи во знак на протест поради државниот удар

Од:

Вработени во 70 болници и медицински оддели во 30 градови во Мјанмар ја прекинаа својата работа во знак на протест против военото преземање на власта во земјата, се во соопштение од Движењето за граѓанска непослушност во Мјанмар, јави ДПА.

Во соопштението се додава дека по државниот удар, армијата ги ставила своите интереси над ранливото население кое се соочува со тешкотии за време на пандемијата.

„Одбиваме да се покоруваме на каква било наредба од нелегалниот воен режим, што покажува дека нема желби за нашите сиромашни пациенти“, се вели во соопштението.

Армијата на Мјанмар ја презеде власта во земјата за една година поради неуспехот на владата да ги испита измамите на гласачите на ланските општи избори. Главниот командант на вооружените сили на државата, генерал Мин Аунг Хлаинг, ќе ја преземе одговорноста за управувањето на државата.

Би можело да ве интересира

Тајфунот Јаги усмрти најмалку 74 лица во Мјанмар

Воен авион од Мјанмар се излизга од пистата при слетување, има повредени

(ВИДЕО) Одрон во рудник за жад во Мјанмар, загинаа 32 рудари

Амнестија за 7.012 затворенции во Мијанмар по повод одбележувањето на Денот на независноста

А1он

Канада со нови санкции кон Русија, Иран и Мјанмар

А1он

ВИДЕО: Најмалку 80 цивили загинаа во воени воздушни напади за време на концерт во Мјанмар

Ана Ололовска