Продолжение на 30. собраниска седница, меѓу точките и интерпелацијата на Димитров

Од:

Собранието на Република Северна Македонија денеска треба да го одржи продолжението на 30-тата седница на која меѓу точките на дневен ред е и интерпелацијата за работата на заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров.

Интерпелацијата на вицепремиерот Димитров е поднесена од група пратеници од опозицијата.

Пред пратениците на оваа седница се Предлог измените на Законот за еднакви можности на жените и мажите, Предлог-измените на Законот за употреба на знаковниот јазик, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита од вознемирување на работно место, како и Предлог на закон за изменување на Законот за практиканство, сите по скратена постапка.

По скратена постапка на оваа седница се и Предлог измените на Законот за волонтерството, Законот за исплата на пензии и пензиски надоместоци од капитално финансирано пензиско осигурување, Законот за вработување на инвалидни лица, Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност, како и Предлог законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавни претпријатија.

На седницата се ставени и повеќе законски решенија во прво читање.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска