ВИДЕО: Навални оди во затвор две и пол години, одлучи Московскиот суд

Од:

Судот во Москва денеска ја преиначи условната казна на Алексеј Навални во ефективна казна од две години и осум месеци затвор, јави Тасс.

Според пресудата, 44-годишниот опозиционер е осуден за повреда на условната казна, откако во август беше отруен со нервниот агенс „Новичок“ за време на авионски лет од Омск. Два дена по труењето, тој беше префрлен на лекување во Германија, во коматозна состојба.

Руските власти сметаат дека тоа што Навални не се пријавувал во судот во периодот додека бил на лекување во Германија, претставува повреда на условната казна.

-Судот донесе одлука за задоволување на предлогот на Сојузната казнено-поправна служба, рече судијката Наталија Репникова, соопштувајќи ја одлуката.

Би можело да ве интересира

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски

Цените на дизелот се зголемуваат ширум светот по новите санкции кон Русија