На изрекувањето пресуда за рускиот опозициски лидер Алексеј Навални присуствуваат неколкумина странски дипломати, што руското Министерство за надворешни работи го оценува како доказ за обид на Западот да се меша во внатрешните работи на Москва.
Навални е обвинет дека повеќе пати ја прекршил условната казна и во тек е рочиште на кое се разгледува дали условната ќе му биде заменета со затворска казна.
Портпаролката на руското МНР, Марија Захарова нагласи дека присуството на странски дипломати во судницата е воедно и обид за вршење притисок врз судиите, објави ТАСС.