Кремљ очекува ЕУ да не го врзува за Навални односот кон Русија

Од:

Кремљ очекува дека ЕУ нема да ја поврзе иднината на нејзините односи со Русија со случајот со Алексеј Навални, изјави портпаролот на руската Влада Дмитриј Песков.

– Се надеваме дека иднината на односите меѓу Русија и ЕУ нема да биде поврзана со притворањето на затворениците, што би било глупаво, изјави Песков пред новинарите, коментирајќи ја претстојната посета на Русија на шефот на дипломатијата на ЕУ Жозеп Борел.

Тој посочи дека руските власти со нетрпение ја очекуваат средбата со највисокиот дипломат на ЕУ бидејќи, како што вели, односите меѓу Русија и ЕУ се прекинати без причина, пренесува ТАС С.

– Москва секако би сакала односите да се вратат во нормала и да напредуваат во интерес на ЕУ и Русија, рече Песков, додавајќи дека Кремљ е подготвен да стори сé за тоа да се случи.

Би можело да ве интересира

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски

Цените на дизелот се зголемуваат ширум светот по новите санкции кон Русија