Поради Ковид-19 во Италија изгубени 400 илјади работни места

Од:

Италијанскиот институт за статистика (Истат) објави податоци за влијанието на пандемијата на Ковид-19 врз економската состојба во земјата, а како што пишува весникот „Ил Кориера дела сера“, многу податоци се „шокантни и алармантни“.

Од февруари минатата година, кога официјално беше прогласена пандемијата на коронавирус во Италија, досега се изгубени 426 илјади работни места.

Луѓето на возраст меѓу 25 и 49 години се најпогодени од губење на работното место, односно најпродуктивниот дел од населението, проследено со луѓе кои имале привремена работа, млади луѓе, меѓу кои невработеноста се искачи на 30 проценти и оние имаат приватни компании.

Според весникот, само во декември минатата година во Италија се изгубени 101 илјади работни места, од кои 99 илјади биле оние каде што работеле жени.

Од овие податоци, весникот заклучува дека во време на криза, последиците најмногу ги плаќаат жените кои побрзо ја губат работата, што повторно се одразува на статусот на семејството, како и на наталитетот.

Анализата на статистиката покажува дека мерките преземени од страна на владата минатата година за ублажување на ефектите од кризата биле само делумно успешни. Една од тие мерки беше „замрзнување“ на отказите, што, како што може да се види од податоците, не ги даде очекуваните резултати.

Би можело да ве интересира

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Питбул уби бебе во Италија – таткото го нашол детето во локва крв

А1он

Три случаи на фемицид во Италија за помалку од 48 часа

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Девојче (3) се застрела со пиштол во глава, во собата на нејзините родители

А1он