Од вечерва отворена театарската сцена на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Од:

Во Центарот за култура „Марко Цепенков“  во Прилеп вечерва свечено ќе биде отворено 48-то издание на македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Годинaшен лауреат на наградата за животно дело е режисерот Љубиша Георгиевски.

Откако ќе биде врачена наградата, актерската екипа на Драмскиот театар од Скопје ќе ја изведе претставата „Архелаос или Еврипид се враќа на Балканот“ во режија на Владо Цветановски со почеток во 20 часот.

Предходно, во 19:30 часот, ќе има изложба „Скулптури од Никола Смилков“ во ликовната галерија при ЦК „Марко Цепенков“, а во 20 часот во фоајето ќе биде презентирана ретроспективната изложба на ликовната колонија „Де Ниро“ од Битола.

Според уметничкиот директор, Петар Темелковски, оваа година фестивалот ќе понуди богата програма. Ќе бидат прикажани 13 претстави во конкуренција за награди и осум претстави од придружната програма.

А.Ш.

Би можело да ве интересира

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“