Косовски државјанин уапсен при извршување кражба од банкомат

Од:

Полициски службеници од СВР Куманово утрово во 04:15 часот во Куманово го привеле косовскиот државјанин А.М. (41), затоа што бил фатен при обид за извршување на тешка кражба од банкомат на една банка на ул.„11 Октомври“.

Како што информира МВР, во непосредна близина на местото било пронајдено патничко возило „фолксваген голф“, со косовски национални ознаки.

Во врска со случајот, а по телеграма од СВР Куманово, на Граничен премин „Јажинце“ бил задржан и Б.Х.(39) од Косово и ќе биде спроведен во СВР Куманово. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Арамија од куќа во Велес украде пари и мобилен телефон

Од армиски центар украдени три „Хамери“, едниот е блиндиран

Уапсена е 38-годишна жена, ја фатиле при кражба во маркет во Прилеп

А1он

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Разбојник од скопската населба Илинден ограбил аптека во Ново Лисиче

МВР: Уапсен е разбојникот кој ограби обложувалница и мини-маркет во Скопје