Од среда поевтина пререгистрација на возилата со странски таблички, најави Бектеши

Од:

Единствен проблем што се уште не можат да се пререгистрираат возилата со странски таблички кои се возат низ државава беше донесувањето на Правилникот за поединечно одобрување на возила кој е веќе донесен, изјави министерот за економија Крешник Бектеши.

Тој рече оти е убеден оти ревидираниот Правилник ќе биде објавен во Службен весник најдоцна денеска (среда) и со тоа мерката ќе стапи на сила.

-Во законското решение кое го усвоивме предвидено е Законот да стапи на сила 20 дена откако ќе биде објавен во Службен весник. Токму во одредени членови од Законот е предвидено да се донесат соодветни правилници, а вчера Министерството за економија го донесе правилникот за Поединечно одобрување на возилата, рече министерот.

– Сега Бирото за меторологија и другите институции како што е Царинската управа може слободно да почнат со регистрација на возилата кои се предвидени со последното законско решение, рече Бектеши во одговор на прашање по посетата на скопската компанија Раде Кончар ТЕП.

Владата минатиот месец одлучи возилата со странски регистарски таблички да може да се регистрираат со 50 проценти намалени давачки, од утврдената вредност на сите давачки кои се наплатуваат при увоз од страна на надлежните државни органи.

Оние кои имаат поднесено барање за регистрација, задолжително треба да ги исполнуваат следните услови: да ги имаат регулирано царинските и даночните обврски за возилото во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон и да поседуваат важечка сообраќајна дозвола, осигурување и зелен картон, како и да влегле на територијата на Република Северна Македонија до 1 октомври 2020 година.

Би можело да ве интересира

АСО: Владата да ги намали цените на полисите за регистрација, потегот на осигурителните компании е неоправдан

A1on

Неоправдано е поскапувањето на регистрацијата на возила: Полисите поскапи за 15 отсто

A1on

Процедурата за 45 нови возила кои Владата ќе ги купи на лизинг е ефикасна и законска, смета Грковска

A1on

Налепниците „НМК“ ќе се делат од утре, бесплатни се

Македонските граѓани вложиле 87 милиони евра во осигурување на своите возила

A1on

Дамева: Судии одат на увид со возила на странки, недолично е и отвора сомнеж за пристрасност

A1on