Приведени неколку лица пред судот во Москва каде е сослушувањето на Навални

Од:

Московската полиција започна со апсења на луѓе собрани пред судот во руската престолнина, кој треба да одлучи дали опозицискиот лидер Алексеј Навални ќе биде осуден на затворска казна.

Полицијата привела неколку лица, а мониторинг групата ОВД Инфо соопшти дека се приведени 24 лица.

Помошниците на Навални претходно ги повикаа неговите приврзаници да се соберат пред судот.

Неговата сопруга Јулија и адвокатот Олга Михајлова исто така пристигнаа во Московскиот градски суд за да го поддржат.

Судот ќе одлучи дали Навални (44) треба да биде затворен за кршење на условната казна за проневера во 2014 година.

Би можело да ве интересира

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски

Имаме документи кои докажуваат дека Навални бил отруен во затвор тврди руски Инсајдер

Московскиот суд ја потврди одлуката за апсење на Јулија Навални во отсуство

Судот во Москва издаде потерница по Јулија Навални

Горан Наумовски

„Волстрит журнал“: Путин не наредил ликвидација на неговиот политички ривал Навални

Навални пред смртта напишал автобиографија